Бизнис
26. February 2017 - 16:50

МЖ Транспорт доби нов директор - Работниците очекуваат исплата на сите плати

Игор Коруновски е поставен за в.д директор на МЖ Транспорт. Владата одлучи  тој привремено да го  превземе местотот на Никола Костов кој  пред неколку дена си поднесе оставка од функцијата генерале директор. Коруновски  доаѓа од позицијата Директор на влеча и одржување на влечни средства. Вработените од претпријатието кои и денеска протестираа се надеваат дека  Коруносвки ќе  најде решение за проблемот.

Ако во наредните два дена  не ја добијат во целост платата за јануари од Транспорт  посочија дека ќе го радикализираат протестот  со излегување на улиците. Во прашање е доведено и нивното здравствено осигурување.

Раководството на МЖ Инфраструктура  и  Владата пак апелираа до вработените од Транспорт да ги прекинат блокадите и да ги достават работните налози, за да можат да се исплатат парите за јануари и да се добијат средствата  од држаавата кои се наменети за железница. Велат на овој начин трошоците на компанијата растат, а расте и незадоволството кај коминтентите поради неисполнување на договорите  со нив.

Железницчкиот сообраќај во земјава е во застој  повеќе од една недела.