Македонија
16. July 2017 - 16:20

МВР во акција против дивите ноќни тркачи по скопските булевари

МВР им објави војна на дивите улични тркачи во Скопје. Со засилена контрола и поголем број на полициски патроли, скопската полиција планира да им стави крај на оние кои со своите автомобили и мотори беснеат по градските сообраќајници.

Вчерашната акција ја најавија во медиумите, па веројатно затоа, скопските улични тркачи најверојатно решија да останат дома.  Казни добија десетмина мотоциклисти бидејќи не носеле кацига, петмина бидејќи возеле без возачката дозвола а еден бидејќи со мотоциклот управувал пијан.

Од МВР велат дека ова е само почеток на акцијата. Најавуваат засилени контроли на улиците

Според официјалните податоци на МВР, само во текот на минатиот месец регистрирани се 729 сообраќајни несреќи во кои дури 14 лица ги загубиле животите . Состојбата на половина од овој месец, според неофицијалните податоци е уште полоша. Петнаесетина лица загинале само во првите 15 дена од јули, а само минатиот викенд, дури шестмина ги загубија животите на македонските патишта.

Причините речи си секогаш се исти. Неприлагодена брзина на условите на патот, непочитување на сообраќајната сигнализација или пак возење под дејство на алкохол.