Македонија
6. October 2016 - 13:58

МВР со детали за сообраќајка во која 17-годишно момче го загуби животот

МВР излезе со официјални детали за кобната сообраќајка која се случи околу 17 часот и 05 минути на магистралниот пат Ресен-Охрид, поточно кај местото „Рибник“, во  атарот на селото Крушје. Патничко возило „Југо Корал“со битолски регистерски ознаки управувано од 20-годишниот Д.С. од селото Подино-битолско  и  патничко возило „Волксваген Пасат“ со ресенски регистерски ознаки управувано од 47-годишниот Љ.Д. од Ресен, се судриле, а на самото место при директниот судар починал 17 годишен сопатникот од патничкото возило „Југо Корал“.

Возачот Д.С. се здобил со тешка телесна повреда кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Ресен бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Охрид, а возачот на патничко возило „Пасат“Љ.Д. се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полицијата.

Телото на починатиот е предадено за обдукција.