Македонија
26. October 2017 - 17:05

МВР и обвинителството истражуваат кој бил логистика на Грујевски и Бошкоски

Судиите од одделението за организиран криминал во скопска единица се уште го комплетираат предметот за екстрадиција на екс разузнавачите Грујевски и Бошковски од Грција. Од судот потврдуваат дека кривичниот совет работи на предметот но засега нема информации кога списите ќе бидат препратени до Апелација.

Понатаму целата постапка за екстрадиција на двајцата разузнавачи ја води Министерството за правда кое има законски рок од 40 дена од денот на решението за притвор заради екстрадиција. Во овој период сите потребни документи треба да бидат испратени до властите во Грција.  

Во меѓувреме министерот Спасовски потврди дека МВР и Јавното обвинителство истражуваат дали Грујевски и Бошковски добивале логистичка помош од земјава.

Екс разузнавачите Горан Грујевски  и Никола Бошковски и натаму се наоѓаат во екстрадициски притвор во Солун. На 1 декември тие по трет пат ќе седнат на обвинителна клупа за употреба на лажни патни исправи со кои беа фатени на солунскиот аеродром во обид да ја напуштат земјата. Во Македонија и двајцата се осомничени за уништување на опремата за прислушвање во случаите Таргет и Тврдина на Спацијалното обвинителство.