Македонија
15. August 2017 - 17:51

МВР: Дилавер Бојку - Леку застрелан од непосредна близина со 1 куршум во главата

Се уште се трага по убиецот на Дилавер Бојку кој вчера на плажата Аква Блу со прострелна рана во главата беше усмртен.Немилиот настан се случил среде бел ден додека Леку седел на терасата во ресторанот се приближило машко непознато лице кое во главата му вперил пиштол и испукал еден проектил потоа со трчање побегнал кон улицата Партизанска ,синот на Бојку со уште едно лица се стрчале да го фатат но напаѓачот и кон нив испукал два куршуми и заминал во непознат правец. 55 годишниот Бојку од струшкото село Велешта во бесознание бил пренесен во општата болница во Струга каде по неуспешната реанимација била констатирана смрт од страна на медицинската екипа.

Во моментот кога се случил немилиот настан на плажата биле вработените и неговиот пријател а  бројните капачи од околните места видно вознемирени и исплашени не сакаа да коментираат пред камера.

Се шпекулира дека станува збор за крвна одмазда полицијата работи на откривање на мотивите.

Инаку Дилавер Бојку – Леку е познат во јавноста по многу криминални дејствија а неколку пати e осудуван и за организирање нелегална проституција во селото Велешта пред  15 години го доби прекарот Балкански бос на проституцијата, а во последниве неколку години влегува во бизнисот со угостителство и туризам .