Балкан
27. March 2017 - 11:05

Музалас: Грција повеќе не може да прифати ниту еден бегалец

Грција повеќе не може да прифати  ниту еден бегалец и не е во состојба да го спроведе Даблинскиот договор, изјави грчкиот министер за миграција Јанис Музалас во интервју за германското списание „Шпигел".

- Нашата земја веќе носи тежок товар. Грција прифати 60 илјади бегалци и ќе биде грешка да се оптоварува земјата со уште мигранти според Даблинскиот договор, посочува Музалас.

Грчкиот министер за миграција го дефинира како успех договорот меѓу ЕУ и Турција, бидејќи бегалскот проток е ограничен, а по неговото потпишување во Грција на ден влегувале само по 60 бегалци.