Балкан
4. September 2016 - 14:07

Мустафа:Ќе има демаркација на границата со Црна Гора

Косовскиот премиер, Иса Мустафа, на својот профил на Фејсбук напиша дека притисоците и ултиматумите, без разлика од кого доаѓаат, нема да ја спречат демаркацијата на границата со Црна Гора.

-Ни многу опасниот арсенал, по животот на граѓаните, посебно нашите полицајци, што беше презентиран пред граѓаните, не ги разниша државните институции. Може да се уплаши и да се разниша некоја индивидуа, но не и државата, напиша Мустафа.

Според Мустафа, ќе се случат и демаркацијата на границата со Црна Гора и Заедницата на српски општини, според одлуката на Уставниот суд, како и многу други процеси.

-Пред законот ќе одговараат сите кои ја напаѓаат и тероризираат државата. Ќе работиме во интерес на Косово, државниот суверенитет и меѓународното зајакнување, напиша Мустафа.

Рекицијата на Мустафа доаѓа по владиното повлекување на законот за демаркација на границата со Црна Гора, што на дневен ред на косовскиот Парламент беше во четвртокот, кога, пред Парламентот имаше големи протести и повредени полицајци.