Мустафа: Не даваме ни хектар во замена за визната либерализација
Косовскиот премиер Иса Мустафа е убеден дека набрзо ќе биде изгласан договорот за демаркација на границата со Црна Гора и ветува дека Косово нема да отстапи ни хектар од својата територија во замена за визна либерализација.
- Нема да дадеме ниту хектар во замена за либерализација, но исто така никој нема право да ги држи во заложништво и изолација граѓаните на Република Косово, вели Мустафа за весникот „Фјала“ (збор).
Во истото интервју Мустафа искажува убеденост дека во текот на четиригодишниот мандат ќе го исполни изборното ветување за 120 илјади нови вработувања.
Тој ги отфрла и тврдењата дека нивото на директните странски инвестиции лани било најниско од војната наваму.
- Со целосен респект сметам дека не се точни тврдењата оти странските инвестици се на најниско ниво по војната. Во 2015 година имаше највисоко ниво на странски инвестиции споредено со трите претходни години,или над 300 милиони евра, додека во 2016 година, до есен, инвестициите достигнаа над 200 милиони евра, тврди Мустафа.
Во врска со блокирањето на влезот на рускиот воз од српска на косовска територија, смета дека тоа била провокација на Белград и оти и Косово докажало дека е самостојна држава.
Ново на Сител
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март