Фудбал
29. јуни 2017 - 10:25

Мурињо го направи првиот значаен трансфер

Фудбалерот на Реал Мадрид Алваро Мората предвреме го прекина медениот месец заради можен трансфер во нов клуб.
 
Мората, кој во Реал Мадрид се врати минатата лето од Јувентус, каде што имаше одлични настапи, е разочаран од минутажата што ја добива кај тренерот Зинедин Зидан.
 
Како негова нова можна дестинација се споменува Манчестер Јунајтед, како замена на Златан Ибрахимовиќ.
 
Шпанските медиуми наведуваат дека Мората го прекинал медениот месец на Ибица и се вратил во Мадрид, на завршната рунда преговори со Манчестер Јунајтед.
 
Навивачите на Јунајтед веќе го слават трансферот, со оглед дека сопругата на Мората на Инстаграм веќе почнала да го следи Манчестер Јунајтед.
 
Ова ќе биде убедливо најголем трансфер на досегашниот дел од преодниот рок, остана само Реал и Јунајтед да се договорат околу обештетувањето. Јунајтед наводно нуди 65 милиони евра, а европскиот првак не го пушта Мората под 75 милиони.
 
За Мората беше заинтересиран и Челзи, о тој го одбра Јунајтед по разговорот со Мурињо, со кого се познава од неговиот дебитантски период за мадридскиот клуб.
 
И Мурињо и Мората се надеваат дека трансферот ќе биде договорен до 9 јули, денот кога Јунајтед заминува на подготовки во САД.