-->
-->
Мурињо чека кикс на Јунајтед?!
-->
Жозе Мурињо, кој пред два дена доби отказ во Челзи, започнал да бара работа и тоа во Манчестер Јунајтед, пренесува ESPN. Челзи, во четвртокот, му врачи отказ на Португалецот поради серијата на лоши резултати, кои го сместија тимот на 16-то место во Премиерлигата.
ESPN, повикувајќи се на неименувани извори, открива дека претставниците на Мурињо веќе ги направиле првите чекори за реализација на трансферот.
Како што пренесуваат светските медиуми, актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед Луј ван Гал, нема да го одработи својот договор до крај, односно до 2017 година. Иако, Јунајтед се наоѓа во горниот дел на табелата, челниците, а пред се армијата навивачи, се незадоволни од игрите на `црвените ѓаволи`, а особено се незадоволни поради елиминацијата од Лигата на шампионите.
Шпекулациите говорат дека клучен меч за Ван Гал е саботниот против Норич. Можно е Холанѓанецот да ја доживее судбината на Мурињо, доколку Јунајтед не забележи победа.
Познато е дека Мурињо имаше желба да го наследи Алекс Фергусон во 2013 година, но многумина се сомневаат дека стилот на Португалецот ќе се вклопи во клупската филозофија.
ESPN, својата информација, ја поткрепи со фактот дека извршниот директор на Јунајтед Ед Вудворд е во добри односи со менаџерот на Мурињо, Жорге Мендеш и дополнува дека еден од најдобрите тренери во изминатите 15 години веќе добил неколку конкретни понуди за наредната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари