Свет
17. August 2017 - 8:57

Мун Џе-ин ја разгледува можноста да испрати специјален пратеник за преговори во Северна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави дека ја разгледува можноста да испрати специјален пратеник за преговори во Северна Кореја, доколку Пјонгјанг ги стопира нуклеарните и ракетните проби.

Мун изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му ветил дека ќе побара одобрение од Јужна Кореја пред да преземе какви било мерки кон Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател ова го изјави денеска на прес-конференцијата, која се емитуваше на телевизиите по повод 100-те дена од неговото стапување на должност. 

- Ќе го спречам избувнувањето на војна по секоја цена. Сакам сите Јужнокорејци да бидат убедени дека нема да има војна, додаде тој.