Македонија
15. December 2017 - 9:03

Мултимедијалн концерт на Дарија Андовска и Ана Пандевска

Во камерната сала на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе се одржи мултимедијален концерт на кој ќе бидат изведени дела од композиторките Дарија Андовска и Ана Пандевска.

Концертот ќе биде збогатен со видеопроекција, како и со танцов перформанс, а повеќето од делата се создадени за акустични инструменти и лента. 

Во изведбата на композициите на Андовска ќе учествуваат Влатко Нушев на удиралки, Владимир Костов на виолина и Марија Вршкова на пијано.

Ќе бидат изведени и три дела на Ана Пандевска, во чија изведба ќе учествува пијанистката Дуња Иванова.