Македонија
21. July 2017 - 14:36

Мултимедијален колаж за битолските порти и врати вечер на „БитФест 2017“

На новата сцена на Народниот театар во Битола вечер публиката ќе може да го проследи проектот „Битолските порти“. Станува збор за мултимедијален колаж за битолските порти и врати во кој учествува првенката на Народниот театар – Битола, Соња Михајлова. 

Се работи за визуелна приказна за битолските порти и врати како нераскинлив дел од старата битолска архитектура. Проектот вклучува фотографии специјално направени за оваа намена. Со неколку проектори на повеќе екрани во форма и пропорција на порти ќе се проектираат врати пропратени со музика и неколку вистински и измислени приказни за градот Битола. 

Проектот е дел од годинашното издание на Битолско културно лето „БитФест 2017“.