Мугабе не поднесе оставка за време на своето обраќање до нацијата
Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе не поднесе оставка за време на своето обраќање вечерва на државната телевизија, а многумина тоа го очекуваа. Тоа значи дека против него наскоро ќе биде покрената процедура за импичмент.
Мугабе во обраќањето најави дека следниот месец ќе претседава со конгресот на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, иако таа партија го смени од лидерската функција неколку часа пред неговиот говор.
Тој истакна дека е свесен за критиките кои му ги упатиле партијата, војската и јавноста, но не ја коментираше можноста да поднесе оставка.
На почетокот од обраќањето Мугабе се ракуваше со воените лидери кои го ставија во домашен притвор пред неколку дена.
Шефот на државата изјави дека е свесен оти постојат „многу причини за загриженост“, вклучувајќи ја и економијата која минува низ тежок период.
- Столбовите на државата останаа функционални и покрај кризата, нагласи 93-годишниот Мугабе, завршувајќи го своето обраќање со зборовите: „Ви благодарам и добра ноќ“, без воопшто да ја спомене оставката.
Лидерот на воените ветерани, Крис Муцвангва истакна дека планира процедурата за отповикување на Мугабе да се одвива според планот, откако тој не поднесе оставка во обраќањето до нацијата.
Муцвангва, веднаш по завршувањето на говорот на Мугабе, изјави дека в среда народот ќе излезе на улиците на Хараре.
Само неколку часа пред неговото телевизиско обраќање, Централниот комитет на владејачката партија побара од Мугабе да поднесе оставка од претседателската функција до утре попладне, во спротивно веќе следниот ден ќе следува негово отповикување.
Државниот весник „Хералс“ пишува дека Мугабе пред говорот имал средба зад затворени врати со воени генерали, кои пред неколку дена го ставија во домашен притвор. Официјален претставник, близок до преговорите за повлекување на Мугабе, истакна пред обраќањето на претседателот дека тој се подготвува да поднесе оставка по 37 години на власт.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација