Џет-Сет
11. September 2016 - 10:13

Му се роди ќерка на Владо Георгиев, пејачот од рано почна да слави

Девојката на популарниот пејач Владо Георгиев, Милица Самарџија се породи во текот на минатата ноќ.

Пејачот по тој повод на социјалната мрежа Твитер напиша кратко и јасно:

„Софија“.

Георгиев потоа објави слика на која има чаша, како знак дека почнал да слави.

Владо и 14 години помладата Милица се запознаа пред 3 години на снимањето на неговиот спот за песната „Искрено“ каде таа глумеше.

Иако му ја роди ќерката Софија, Геоергиев останува на ставот дека нема да се жени зошто смета дека документот е неважен.