Балкан
13. October 2015 - 15:42

Му се молевме на Алах и се правевме муслумани - Исповед на девојка која избегала од...

Исчезнатите малолетници, Момчило Петковиќ (17) и Анџела Стојнев (13) од Ниш, од неодамна се во Србија. тие раскажуваат како стигнале до Бугарија.
 
- Моето момче, Момчило и јас избегавме од дома, а имавме намера да одиме во Западна Европа. Сакавме да ги искористиме мигрантите и да отидеме таму без документи па отидовме во кампот за бегалци во Бугарија. таму се претставивме дека сме муслимани од Ирак, Џенес Ахмади у Јакуп Јакупи - вели Анџела за Информер и додава:
 
- Но кога тие ни рекоа дека ќе не вратат во Багдад, ние се исплашивме, а Момчило веднаш го повика татко му.
 
Таа вели дека знаеле дека нема да биде лесно да ја поминат границата, па затоа решиле преку нива да ја поминат бугарската граница.
- Потоа тропнавме на еден од шалтерите на нивниот граничен премин. Им се обративме на англиски и им објаснивме дека сме азиланти од Ирак. Веднаш не ставија во кола и не однесоа во кампот, - раскажува девојката.
Анџела Стојнев изјавила дека биле премногу исплашени кога пристигнале во кампот.
 
- Не ставија во соба со Сиријци и Авганистанци. најпрво беа тројца, па шесторица, а на крајот дванаесет луѓе. Не ни се допаѓаа, па ги замоливме Грузијците кои беа до нашата соба дали може да се преместиме кај нив, тие се согласија.
 Се молевме на Алах, како и останатите бегалци за да не не приметат бугарските власти дека лажеме дека сме муслимани, вели таа.
 
Поминале цели осум дена во кампот и дошол моментот во кој се одлучувало за нивната понатамошна судбина.
- Дојдоа тројца и се претставија дека се од некоја комисија. Не прашаа од каде сме, а кога им одговоривме дека сме од Ирак ни рекоа дека ќе не депортираат во Багдад. Се исплашив, мислев дека ќе не убијат. Почнав да врескам, Момчило јави м усе на тато. Тој веднаш му се јави на татко му и така се спасивме, - завршува Анџела.