Живот
27. October 2016 - 20:48

Му прати порно ѕвезда на своето момче за да го тестира и зажали!

Eдна девојка која не била сигурна во верноста на нејзиното момче, се обратила во емисијата „Фати го измамникот“ со цел да го тестира. Со оглед на фактот што организаторите на емисијата заклучиле дека во овој случај момчето е „тврд орев“, решиле како искушение да му пратат провокативна порноактерка.

Таа најпрво му се приближи кога тој влегуваше во библиотека, но тогаш речиси и воопшто не погледна во неа. Кога излезе оттаму, повторно го „нападна“, барајќи му го мобилниот телефон под изговор дека нејзиниот не работи, но потоа му призна дека само го сакала неговиот број. Потоа го праша дали има девојка, а тој само прошепоти дека се гледа со некого и ја повика да му се придружи. Неколку минути подоцна, таа го праша дали сака да ја префрли до некаде, па дали може да ја помине ноќта со него и на крајот му призна дека е порноѕвезда со прекар Валери Вајт.

– Само сакам некој на кого ќе вежбам за најновата сцена, не е важно дали имаш девојка – му рече таа на момчето.

Тој најпрво одби и се обиде да замине, но таа не се откажа сè додека продуцентите не ѝ рекоа да престане.

Иако продуцентот и водителите ја уверуваа девојката дека момчето го поминало тестот, таа тврдеше дека не е сигурна бидејќи тој на актерката ѝ го даде својот број и ѝ рече дека може да се дружат во слободно време. Откако ја уверија дека нема за што да се грижи, таа го повика и му раскажа дека го тестирала, а тој ѝ ја спушти слушалката.

„Се шегувате дека вака ќе раскинам врска од една година“, рекла во шок девојката.