Живот
18. February 2018 - 13:34

Mу починал синот, но без да каже на никого го одигра цел меч

Животот на голманот Ал Ахмед од Ирак му приреди вистинска драма кога во четвртокот му почина синот, но тој стисна заби и не им кажа ништо на играчи и еден ден подоцна истрча на теренот.

Се обиде и успеа да издржи, но само до последниот судиски свиреж. Кога судијата означи крај, во него експлодираше се и Ахмед почна да плаче.

Емоциите овој пат беа посилни од него, а играчите се обидоа да го утешат.