Бизнис
12. March 2018 - 19:45

МТВ: Зошто ВМРО ДПМНЕ не ги заврши работите, па автопатот да биде пуштен во употреба навреме?

Министерството за транспорт и врски остро реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ . Сакаме да потенцираме дека автопатот Демир Капија-Смоквица е завршен целосно и веќе следниот месец ќе биде пуштен во употреба.  Министерството за транспорт и врски во рок од два месеци ги заврши сите процедури во врска со одобренијата за градење и со тоа во најкраток рок е изграден контролниот центар, а далноводот е дислоциран за да може сообраќајот да се одвива безбедно.

Министерството  за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта согласно своите надлежности ќе ги преземат сите активности за да може автопатот да биде пуштен во употреба согласно предвидените рокови. 

Ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ јавно да објаснат зошто навремено не се завршиле административните постапки за одобренијата за градење за изградба на контролниот центар во Неготино и за дислокација на далноводот за да може автопатот да биде пуштен во употреба во рамките на договорените рокови.