Македонија
21. August 2017 - 15:39

МТСП во соработка со општина Ресен постави инклузивни игралишта за деца

Комплетно ново игралиште со реквизити кои се достапни за децата со инвалидитет постави во Ресен Министерството за труд и социјална политика во соработка со општината. 

- Проектот за инклузивни детски игралишта подразбира оформување на простор со реквизите достапни за децата со инвалидитет со цел на дечињата да им се обезбеди безгрижна игра, но и да се социјализираат и да им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството истакнуваат дека ќе продолжат со спроведување активности за подигнување на свеста во општеството и учење на различностите од најмалите години.

Поставувањето на игралиштето, посочуваат од МТСП, активност која е напорите за постигнување инклузивно општество, е реализирано во соработка со Националниот сојуз на лица со телесна попреченост Мобилност и со поддршка на Општина Ресен.