МТСП: Формиран специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории
инистерството за труд и социјална политика (МТСП) формираше специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги од надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје: деца на улица, бездомни лица, семејно насилство, нереализирање на видувања, питачење, полов напад над деца, малолетничка деликвенција и сите останати групи на граѓани во состојба на ризик.
- Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите. Тимот, кој се состои од двајца социјални работници, педагог и психолог, постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви на лицата за контакт:
- 078 230 943, Даниела Копчаревска, социјален работник
- 076 381 762, Олга Губерениќ, социјален работник.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово