Балкан
9. October 2015 - 10:08

Мртво бебе пронајдено во гумен чамец со мигранти

Бебе на возраст од една година било пронајдено мртво во операција на грчката крајбрежна стража за спасување мигранти во близина на островот Лезбос, објави Нафтемборики.

Во чамецот имало околу 50 луѓе. Крајбрежната стража успеала да спаси голем дел од мигрантите од чамецот, наведува весникот.