Македонија
31. May 2017 - 14:36

Мртов маж пронајден во Козле

Црн ден во Скопје, откако вчера детенце си ја пронајде мртва мајката, вчера во Скопје на улицата „Козле-18“, во дворот пронајден е починат 71-годишниот В.М. од селото Косоврасти, дебарско, со престој на наведената адреса.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.