Македонија
17. January 2018 - 10:46

Мртов маж пронајден во хотел во Скопје

Починато машко лице вчера било пронајдено во соба во хотел, лоциран зад поликлиника „Бит пазар“ во Скопје.

Случајот во полиција бил пријавен околу 20 часот од страна на Итна медицинска помош.

Починатото машко лице било пронајдено легнато на подот со траги од крв и метадон.

-По кажување на вработените во хотелот, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало на 15.01.2018 година и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација, информираат од полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.