Македонија
22. November 2016 - 14:04

Мртов маж пронајден на улица во Скопје

Околу 19 часот и 30 минути во Скопје на улицата „372“ пронајден е починат 69-годишниот Б.Б. од Скопје. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.     

Засега не се познати причините за смртта.