Бизнис
17. November 2017 - 17:27

Можно ли е зголемување на старосната граница за пензионирање?

Зголемената граница за пензионирање ќе ги избрка младите од земјата. Синдикалците се децидни, Владата воопшто да не размислува да ги праќа работниците подоцна во пензија. Светска банка работи на анализа од која треба да произлезат решенија за консолидација на фондот за пензиско. Еден од моделите е и поместување на границата за одење во пензија.

За експертите пак нема едноставни решенија. Благица Петрески од Фајнанс тинк, организација која прави анализа за консолидација на ПИОМ, вели дека притисокот врз фондот за пензиоско допрва ќе се зголемува. Населението старее и проценките се дека за околу 20 години дури 40% од работоспособното население ќе биде над 64 години. Затоа се предлагаат решенија повеќе решенија. На краток рок напуштање на досегашниот начин на зголемување на пензиизте е една од мерките. На среден решенијата треба да се бараат меѓу зголемување на придонесите, поместување на границата за пензионирање, но и други хибридни решенија затоа што не може за работниците од сите професии да важат исти правила.

Најдоброто решение за полнење на дупката во фондот за пензиско и според синдилалците и според експертите е да се зголеми бројот на вработени за кои ќе се плаќаат придонеси.

Во меѓувреме државата ќе продолжи да префлра пари на ПИОМ за пензиите редовно да се исплаќаат.

Според сегашниот закон мажите се пензионираат со полни 64, жените со 62 години старост ако имаат барем 15 години стаж. Постои можснот за пролонгирање на пензионирањето по желба на рабтникот до максимум 67 години старост.