Бизнис
9. November 2016 - 19:58

Може ли ракијата да ја замени вотката? - Почнува извозот за Русија

За околу еден месец македонската ракија ќе се најде на руските трпези. Дали Русите ќе ја заменат вотката со нашиот пијалок останува да покаже времето откако ќе почне извозот. Како што информираат надлежните наскоро и две млекарници од земјава ќе почнат со извозот на своите продукти на рускиот пазар, а голем е интересот и за продуктите од конзервната индустрија.”Македонски дом “ е деловен субјект од Руската федерација кој им помага на компаниите од земјава да ги пласираат своите производи таму, и им помага со складирање.

Во август земјава ја посетиле само 551 гостин од Русија.  Најголем проблем е немањето на директна авио линија. Рускиот гастрономски критичар Олег Назаров гоплем потенцијал за развој на туризмот односно привлекување на Руски туристи во земјава гледа во развојот на алкохолно гастрономскиот туризам. Туристите што ја посетиле земјава се импресионирани од храната, виното салатите и рестораните.

Засега земјава во Русија најмногу извезува овошје и зеленчук како и фармацевтски производи. Моментално две телевизиски куќи од таму снимаат репортажи во земјава за промоција и претставување  на Македонија пред руските потрошувачи.