Свет
19. February 2018 - 15:17

Мозамбик: 17 мртви откако ѓубре затрупа повеќе куќи

 Најмалку 17 лица загинаа денеска, а неколкумина се повредени во Мапуто, главниот град на Мозамбик, откако 15 метри висок куп отпад и ѓубре затрупа седум куќи.

Несреќата се случи околу три часот по полноќ локално време во сиромашната населба Хулена. Куќите биле нелегално изградени, а властите во неколку наврати побараа жителите да ги напуштат.

- Досега се пронајдени 17 тела. Стравуваме дека има уштре. И натаму трае потрагата по затрупаните под купот ѓубре, изјави локалниот функционер Деспедида Рита.