Македонија
19. August 2015 - 14:16

Мотори се судрија во Центар

Сообраќајна несреќа се случи околу пладне во општина Центар.

Два мотори со скопски регистарски таблички се судрија на булеварот „Теодосиј Гологанов“ во близина на Клуб на пратеници.

Како што дознаваме, возачите се во добра здравствена состојба, се уште немаат побарано помош од медицинска екипа.

Увидот е во тек.