Македонија
25. March 2017 - 13:21

Мотоциклистот во критична состојба по сударот со полициското возило

Вчера во 18.24 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје.
 
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба. 
 
Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар.
 
По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.