Македонија
22. May 2017 - 14:09

Мотоциклист тешко повреден, излетал од пат

Љ.С.(50) од Прилеп е тешко поврден откако вчера, возејќи мотоцикл,  излетал од коловозот.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 19:15 часот на патот Прилеп - село Оревоец. Љ.С. управувал „Сузуки“ без регистарски таблици, а немал ниту дозвола.

Констатирана му е фрактура на черепот и внатрешно крварење поради што од Општата болница Прилеп е префрлен во скопскиот Ургентен центар.

Увид извршија Јавно обвинителство и екипа на ПС - Прилеп.