Свет
3. October 2017 - 16:38

Мотивот за масакрот во Лас Вегас се уште мистерија

Мотивот за масакрот во Лас Вегас се  уште е мистерија. Според ФБИ ,Стивен Педок долго го планирал крвавиот поход во кој  ладнокрвно уби  59 и повреди над 500 луѓе на коценрт на кантри музика. Тој се самоуби пред полицијата да влезе во хотелот Манделеј Беј.

Од македонското мнр иннформираат  дека согласно досегашните информации од дипломатско – конзуларните претсавништва низ САД, нема пријава за загинати или повредени македонци.   Исламска држава презеде одговорност за нападот  и тврди дека 64 годишниот пензиониран сметководител  пред неколку месеци преминал во Ислам.  Од полциијата пак велат дека засега нема докази за   поврзаност. Убиецот немал полициско досие , дури ни казна за паркирање. Во неговиот дом биле пронајдени 18 парчиња огнено оружје, муниција и експлозив.

-Во шок сме. Ужаснати. Сосема изненадени.  Ова е како... тој пукаше на нас.  Фактот дека имал такво оружје е... Каде по гаволите тој добил автоматско оружје...тој нема воено искуство  или нешто слично , вели  Ерик Педок

Тој откри дека неговиот брат многу апри заработил со вложување во недвижнини но и дека многу торшел на игрите на среќа. Нвиниот татко пак кој починал пред неколку години,  бил на листата на 10 те најбарани криминалнци на ФБИ поради серија грабежи на банки и 10 години бил во бегство.