Свет
7. November 2016 - 22:03

Мосул досега го напуштиле околу 33.000 луѓе

Околу 33.000 луѓе го напуштиле ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на џихадистичката група Исламска држава, од вкупно еден милион жители, колку што се проценува дека се наоѓаат во тој град.

Американски официјални претставници тврдат дека откако ирачката војска започна офанзивни напади на Мосул, градот го напуштиле „само малку повеќе од 30.000 лица“.

- Тоа е помалку од очекуваното, но треба да се запамети дека ирачките сили се уште не дошле до најнаселените области, оценија американските претставници.

Вториот по големина ирачки град е под контрола на ИД од јуни 2014 година.