Свет
22. March 2016 - 16:13

Москва порача на НАТО и Брисел: Пред носот ви убиваат луѓе, а вие се борите против "руската закана"

Претседателот на Комисијата за надворешни работи во Русија, Алексеј Пушков реагираше на терористичките напади во Брисел и напиша на Твитер на генералниот сектретар на НАТО, пред вашиот нос ви убиваат луѓе а вие се борите против таканаречената руска закана.
 
- Додека Столтенберг се борив против таканаречената руска закана и инсталира војска во Летонија, пред нос му креваат луѓе во воздух - напишал Алексеј Пушков.
 
Тоа беше првата официјална реакција од Москва на терористичките напади во Брисел.
 
Пушков подоцна, исто така на Твитер изрази сочуство до семејствата на загинатите во Брисел.
 
- Европа треба да сфати од каде доаѓа вистинската закана и да ги соедини силите со Русија, напишал Пушков.