Свет
28. July 2017 - 13:05

Москва одговара на санкциите: САД да го намалат бројот на дипломатите

Москва денеска објави контра мерки како одговор на воведувањето нови санкции кон Русија од страна на САД и му наложи на Вашингтон да го намали бројот на својот дипломатски персонал во земјата.

- И предлагаме на американската страна бројот на дипломатскиот и техничкиот персонал од американската Абмасада во Москва и генералните конзулати да се намали на бројот еднаков на руските дипломати и техничкиот персонал во САД, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. 

Американскиот Сенат синоќа одобри воведувањето нови санкции против Русија, Иран и Северна Кореја.