Свет
11. May 2016 - 16:31

„Мосак Фонсека“ ќе го тужи Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари

 - Панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, најави дека ќе преземе правни дејствија против Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

Оваа фирма  бара од конзорциумот да го запре објавувањето на информациите од документите до кои, според неа, тој дошол преку хакерски упад.

Од „Мосак Фонсека“ предупредија дека освен што биле стекнати противозаконски, овие податоци биле и полни со грешки.

Новинарскиот конзорциум објави документи кои детално опишуваат како светски лидери  и компании ги користеле офшор сметките за да прикриваат средства.

Четири лица прободени со нож во Масачусетс, убиецот застрелан

 - Маж беше застрелан од полицијата, откако прободе со нож четири лица во американската сојузна држава Масачусетс. Двајца од прободените починале, а и убиецот им подлегнал на повредите, соопшти полицијата на Масачусетс.

Инцидентот се случил во градот Тонтон. Две лица биле ранети во трговски центар, а уште две во куќа во градот.

Мотивите за нападот се уште не се познати. 

 Крвав бомбашки напад во Багдад

- Десетици лица загинаа, а  стотици се ранети,  денеска во трговски шиитски кварт на Багдад oд експлозија на автомобил-бомба, информираа ирачки официјални извори.

Нападот се случил пред  салон за убавина  во Садр Сити каде експлодира џип, а  повеќето од жртвите се жени.

Од  експлозијата големи штети претпреле околните згради и автомобили.

Исламска држава, ја презеде одговорноста за нападот, a нивна  цел им  биле припадници  на шиитската полиција.