Балкан
9. August 2015 - 14:19

Морси почна штрајк со глад

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси кој е во затвор, почна штрајк со глад. Тоа го соопшти неговиот адвокат и лидери на Муслиманско братство.

Според нив, „поранешниот египетски претседател од вчера одбива да земе храна во затворот“. Адвокатот тврди дека Морси е убеден оти јадењето што му се дава во затворот не е безбедно за него.

Морси е дијабетичар и неколкупати барал од Судот специјален медицински преглед или да биде префрлен во болница. Морси е во затвор поради дело за шпионажа во корист на Катар, обвинет е и за објавување доверливи информации за египетската армија и нејзиниот буџет на катарската страна