Свет
13. October 2017 - 12:00

Морничава трагедија: Падобранци се судрија во воздух, три лица загинаа

Тројца падобранци загинаа во Квинсленд по судир во воздух, соопшти австралиската полиција.

Брзата помош и полицијата веднаш се повикани на местото Бич, јужно од Квинс, каде што се случи несреќата.

Според Би-би-си, загинатите се двајца мажи во 30-тите години, и една жена на возраст од околу 50 години. Тие се пронајдени мртви на лице место, соопшти полицијата на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека несреќата се случила кога еден падобранец се судрил со другите двајца, тандемски падобранци, што предизвикало падобраните да не им се отворат правилно.