Морина побара азил во Хрватска
Албанецот Исмаил Морина, кој е уапсен во Хрватска по издадена потерница од страна на Белград поради скандалот со дрон со знаме на „Голема Албанија“, побарал политички азил во Хрватска, со цел да избегне екстрадиција во Србија, изјави неговиот адвокат Дарко Бутиган.
Адвокатот на Морина потврди денеска дека неговиот клиент поднел барање за политички азил во Хрватска и сака да избегне екстрадирање во Србија, бидејќи смета оти нема да има фер судење.
Морина е осомничен дека на 14 октомври 2014 година управувал со дронот со знаме на „Голема Албанија“, што прелета над стадионот во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, по што дојде до судир меѓу навивачите, а натпреварот беше прекинат. Тој минатиот месец беше уапсен во Хрватска по издадена потерница од страна на Србија, а Судот во Дубровник минатиот четврток одлучи да биде екстрадиран во Србија.
Бутиган на ваквата одлука поднесе жалба до хрватскиот Врховен суд, но барањето за азил сега ќе го одложи екстрадирањето за шест до десет месеци.
Фудбалскиот сојуз на Албанија во саботата побара од албанската Влада „правно да интервенира“ и да не дозволи екстрадирање на Морина во Србија.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка