Бизарно но вистинито
1. April 2017 - 19:21

Морбидно: Наместо во сандак, бил во столче - Мртовец на својот погреб изгледал како жив човек

Морбидна одлука на семејството.

Бил застрелан 15 пати, по што починал. Фернандо де Хесус (26) луѓето го паметеа како весела и среќна личност. Поради тоа неговото семејство решило мртовецот да го стават на столче со отворени очи и цигара во устата.

Семејството на момчето од Сан Хуан  се решило за ваква комеморација за да покажа дека тој за нив се уште е жив.

Полицијата се уште не уапсила никој во врска со убиството на Хесус. Неговата сестра Ихиз Дијаз Беато објаснува зошто го одбрале овој начин на погреб.