Фудбал
20. September 2017 - 12:02

Морати не може без Интер?!

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, ќе се врати во клубот кога ќе ги купи акциите на Ерик Тохир.
 
Најуспешниот претседател во историјата на Интер во октомври 2013 година му го продаде клубот на бизнисменот од Индонезија, Тохир, а сега, како што објави „Телеломбардија“, бил подготвен да купи 31 отсто од акциите што поседува Индонезиецот.
 
Тохир од моментот кога кинеската компанија „Сунинг“ стана мнозински сопственик на Интер, не се појавува во клубот.
 
Целата работа за враќањето на Морати во Интер би требало да биде завршена наредниот месец. Масимо Морати од 1995 до 2013 година беше претседател на Интер и во тој период клубот ги освои Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, како и пет титули во Серија А и четири во Купот на Италија.
 
Во својот мандат Морати, само во трансфери вложи 1,5 милијарда евра, за во Интер да ги донесе, меѓу другите, и Роналдо, Кристијан Виери, Златан Ибрахимовиќ, Роберто Баџо, Луис Фиго, Роберто Карлос, Самјуел Ето, Весли Снајдер и други