Фудбал
18. August 2017 - 9:26

Монтела ги повика сите симпатизери на Милан од Балканот да дојдат во Скопје

 
Милан убедливо со 6-0 ја победи Шкандија, тренерот на италијанскиот гигант Винченцо Монтела верува дека неговата екипа има голем простор за напредок во играта. 
 
„Одигравме одличен натпревар и морам да сум задоволен, иако во секој случај гледам простор за напредок. Гледав натпревари на Шкендија и знаев дека треба што побрзо да ги отвориме и да стигнеме до рано водство. Го сторивме тоа и стигнавме до лесна и убедлива победа. Нивниот голман им беше најдобар играч, одбрани повеќе извонредни шутеви на нашите фудбалери“ – изјави Монтела.
 
Без оглед на убедливата предност од Милано, младиот стручњак најави подеднакво залагање на своите избраници и на реваншот за седум дена во Скопје.
 
„Знам дека имаме голем број на фанови и на Балканскиот полуостров, мило ми е што ќе патуваме во Скопје. Ги поканувам сите наши навивачи да дојдат на стадион на реваншот“ – додаде Монтела.
 
Реванш дуелот Шкендија – Милан ќе се игра во Скопје на 24 август.