-->
-->
Монструозно: Маж ги заклал сопругата и синот
-->
Со нож го убил синот и својата сопруга. Српските медиуми јавуваат за монструозно двојно убиство во село во близина на градот Мали Зворник на западот од Србија.
Според информациите кои ги објави Блиц, мажот ги заклал својата сопруга и синот во дворот на семејната куќа. Нема информации кои се причините за убиството кое се случило попладнево околу 15 часот.
Случајот во полиција го пријавиле соседите. Тие велат дека 60 годишниот убиец бил чуден човек со кого никој во селото не разговарал. 62 годишната жена која денеска ја убил била негова втора сопруга откако се првата се развел поради семејно насилство. Убиен е и нивниот 24 годишен син кој бил студент по економски науки.
Обвинителот наредил обдукција по што полицијата најавува повеќе детали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак