Живот
20. October 2016 - 11:51

Монструм: Мајка го убила синот (8) зошто ја затекнал во кревет со свекорот

Италијанката која го убила својот осумгодишен син само заради тоа што случајно дознал дека таа е во врска со неговиот дедо,  е осудена на 30 години затвор.

Вероника Панарело по изрекувањето на пресудата се расплакала.

Telo sina bacila u kanal Foto printscreen youtube

Таа го задавила својот син Луис Стивал со електрични кабли и неговото тело го скрила во каналот во местот Санта Кроче на Сицијалија.

Панарело по убиството се обидувала да го скрие злосторството и ја известила полицијата дека детето и е киднапирано. Таа во полицијата рекла дека последен пат го видела кога го донела на училиште, но го немало кога дошла попладнето да го земе по наставата.

Veronika odvodi policiju do mesta gde je  bacila sina (foto printscreen youtube)

Полицијата се посомнева во приказната на мајката на детето па по прегледувањето на безбедносните камери во училиштето, се покажало дека нејзината приказна не е точна.

Кога ја притиснале со доказите го признала убиството, а во еден момент се обидела да го обвини и таткото на својот сопруг Андру Стивал.

Таа тврдела дека свекорот и помогнал да најде место каде ќе го фрли телото на детето, и дека и дедото го убил, зошто ги фатил како имаат секс.

Нејзиниот свекор најави тужба за клевета.