Балкан
23. November 2017 - 11:35

Монструм: Ја закла сопругата, а детето (4) го задави - Марко во судница го донесоа во окови

Марко Николиќ (42), кој во јули ја закла поранешната сопргуа Маја Ѓорѓевиќ (38) и го задави синот Михајло (4) пред Центарот за социјални работи во Раковица, вчера од притвор беше спроведен на сослушување во Второто основно обвинителство зошто воочи тоа злосторство и се заканувал на социјалната работничка.

Пријава против Николиќ поднесе З.М., социјална работничка од Вождовац која го товари за загрозување на безбедноста.

Николиќ вчера под силно обезбедување и окован со лисици и синџири е изведен пред обвинител. З.М. била член на комисијата која давала препораки под кои услови Николиќ би требало да го гледа детето по разводот.

-Марко тогаш не бил задоволен со предлогот на комисијата, па вербално ја нападнал работничката З.М.. Кривичниот предмет поради загрозување на општата безбедност е отпосле формиран, а неговото сослушување не било можно да не направи порано зошто во меѓувреме направи поголемо злосторство, објаснува извор од истрагата.

Тој додава дека Николиќ само кратко ги негирал обвинувањата од социјалната работничка.

-Не е точно дека и ја загрозив безбедноста, а поради ситуацијата во која моментално се наоѓам не сум во состојба да ја изнесам одбраната, рече Николиќ, по што е вратен во ќелијата во Централниот затвор.

Да потсетиме, Марко Николиќ е уапсен на 12. јули кога пред Центарот за социјална работа ја искасапи својата сопруга Маја Ѓорѓевиќ, која почина на самото место. Претходно го задави својот син Михајло (4) и го фрли пред очите на преплашената сопруга. Во крвавиот пир се повредени и тројца работници од Центарот за социјална работа кои се обидувале да го совладаат монстумот и да му го украдат ножот со кој немилосрдно ја прободувал несреќната жена.

Наскоро обвинение, му се заканува максимална казна

Вишото обвинителство наскоро би требало да покрене обвинение протви Николиќ, кому на товар му се става тешко убиство на жената и детето и му се заканаува максимална казна од 40 години. Обвинителството ги сослуша сите сведоци на овој настан, а неодамна се завршени сите вештачења.