Балкан
18. December 2015 - 9:10

Монструм: Ја силувал 14-годишната ќерка, му родила мртво бебе

Топлица М. (44) од околината на Пожаревац е уапсен под сомнение дека ја силувал својата малолетна ќерка Д.М. (14). Случајот е откриен откако несреќната девојка во шестиот месец од бременоста роди мртво бебе.

Како што дознава „Ало“ Д.М. на 13 септември е донесена во болницата во Пожаревац поради влошена здравствена состојба. По прегледот, лекарите се шокирале од откритието - девојчето било во шестиот месец од бременоста и почнало да се породува. Таа се породила, но новороденчето не давало знаци на живот.

-Персоналот од болницата веднаш за се ја известило полицијата. Девојчето на лекарите им рекло дека за бременоста никој не знаел и дека мислела дека останала бремена од некое 16-годишно момче кое се викало Горан од Пожаревац. За случајот е консултиран јавен обвинител но во тој момент немало елементи на кривично дело. Сепак полицијата продолжила да истражува и дошла до сознание дека таткото ја силувал и забременил ќерката, вели извор од истрагата.

Со сослушување на членовите на семејството и другите сведоци, како и со вештачење, утврдено е дека несреќното девојче е силувано од таткото и дека мрачната тајна морала да ја крие од останатите во домот зошто и се заканувал.

Набрзо потоа таткото е приведен, а полицијата во Пожаревац на 14 декември му поднесе кривична пријава поради сомнение дека во својот семеен дом ја силувал ќерката.

Меѓутоа ова не е единствена трагедија и инцест во семејството на Топлица М. Според мештаните родената сестра на Топлица Моника се омажила за својот братучед од вујкото и со него ги добила синот Војкан (16) и девојче кое сега има 14 години. Меѓутоа кон крајот на декември 2011 година, Дејан С. (44) во пијана состојба, по кавга му зарил нож во срцето на својот син. По трагедијата, моника се премажала во друго село и со себе ја зела и ќерката.