Македонија
24. July 2016 - 19:21

Моноспитовскотот блато - Голeм потенцијал за производство на био-горива

Моноспитовското блато има голем потенцијалза производство на био гориво.  Резултатите кои македонското еколошко друштво ги доби од деталните истражувања што  беа реализирани со германска поддршка  покажале дека со соодветна преработка  трската  која егзистира во блатото  како обновлив ресусрс е идеална суровина за  правење  на био гас или брикети и пелети наменети за затоплување на домакинствата. Добиените резултати беа повод висока германска делегација од федералната држава Долна Саксонија предводена од министерот за животна средина, енергетика и климатски промени Стефан Вензел да го посетат локалитетот и лично да се уверат во природните богатства на блатото и неговите потенцијали.

,, Имаме претставници од владата на Долна Саксонија, исто така претставници од невладините организации не со цел само да се види што е досега сторено, туку и да се види која е можноста за понатамошна соработка. Овде сега многу е важно овој локалитет да биде заштитен и да се искористи во туристички цели.,, рече Стефан Вензел – министер за животна средина, енергетика и климатски промени на Дола Саксонија

Поддршка на ваквите инцијативи даваат и од општина Босилово. Од таму велат дека за нив се многу значајни сите проекти кои имаат за цел да го промовираат локалитетот, но и да овозможат искористување на неговиот потенцијал од кој  потоа граѓаните ќе имаат економски бенефит.

,, Веќе во министерството се води постапка овој локалитет да биде заштитен, значи ќе ни требаат добри планови, добри програми, еве вакви идеи и да се надеваме дека во некоја иднина сето тоа ќе доведе до некои проекти кои ќе значат и економска исплатливост.,, вели Љупчо Колев – градоначалник на општина Босилово

Моноспитовското блато се простира на површина од околу 400 хетари. Една третина од нив е покриена со трска од која може да се добие био гориво доволно да ги задоволи потребите за затоплување на најмалку 625 домакинства.