Македонија
12. January 2017 - 16:58

МОН доделува нови 50 стипендии за студенти Роми

МОН доделува нови 50 стипендии за студенти роми кои се запишани на додипломски студии прв циклус . Од нив половина се за студенти бруцоши другите за студенти запишани во втора и погорните години. Стипендистите ќе примаат 5000 денари месечно 9 месеци во текот на годината. Ова е втора година по ред како МОН ја спровеува оваа стимулативна мерка.

Од минатогодишните доделени 32 стипендии, 21 беа студенти запишани во прва година. Од нив 19 успешно ја завршиле и упишале нов семестар.

МОН до сега 8 години по ред доделува и стипендии за роми средношколци како и ангажман на наставници како ментори и тутори.   Со оваа мерка за финансиска  поддршка и во високото образование очекуват да се зголеми бројот на роми кои по матурирањето ќе продолжат на факултет.