Живот
19. November 2017 - 21:06

Момче тврди дека доаѓа од иднината и дека има 50 години: Тој е патник низ времето и открива што ќе ни се случи

Момче по име Ноа тврди дека доаѓа од 2021 година, но кога би ги открил сите детали би можел да си го загрози животот.

Ноа откри неколку работи кои наводно не очекуваат во иднината. Вели дека Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател во 2020 година и дека вештачката интелегенција ќе биде во полн замав.

-Немам намера некого да замајувам. Моја единствена цел е да докажам дека патувањето низ времето постои, зошто јас сум временски патник, говори тој во камера, а лицето му е замаглено за да не го препознае никој.

Тој тврди дека е стар 50 години, но зел лек за подмладување поради што изгледа како да има 25 години. Момчето говри на англиски јазик со американски акцент и тврди дека се вратил од 2021 година. Вели и дека патувањето низ времето во јавност ќе биде откриено 2028 година.

-Всушност живеам во 2021 година. Тоа е време во кое поминувам најголем дел од животот и на кое припаѓам, рече тој.

Временскиот патник открива и како електричниот автомобил ќе вози и со брзина од 965 км на час па советува на сите парите да ги вложуваат во одржливи извори на енергија.