Македонија
14. November 2015 - 13:43

Момче се обидело да се самоубие во Куманово

Дваесет и петгодишниот А.Б. утрово околу 8.30 часот се обидел да се самоубие, фрлајќи се од Искрин мост во населбата Вера Которка во Куманово.

- Тој ја прескокнал оградата на мостот, по што бил спасен од локалните рибари, информираат од МВР.

Со возило на Брзата помош, А.Б. е пренесен во Општата болница Куманово, а оттука е префрлен на Клиника за токсикологија во Скопје.

Во август 2013 година Даниел С. (25) од Куманово си го одзел животот скокајќи од мостот на реката Пчиња на магистралниот пат Куманово-Свети Николе.

Таканаречениот Искрин мост, кумановци го нарекуваат и мост на смртта, бидејќи откако е изграден оттука во смрт отишле многу луѓе поради различни причини.